Ацо Велковски, да не „изигрува“ локален шериф, му порача денеска премиерот Зоран Заев на градоначалникот на општина Лозово.



Вчера Сител објави дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

„Мојата порака е таа која што секогаш ја давам, а тоа беше уште првиот момент кога најголем број од градоначалникот кандидирани и поддржани од СДСМ победија – Да не ми изиграваат локални шерифи и достоинствено да им служат на граѓаните“, рече Заев.

Во општина Лозово вработени се 12 службеници, а за три години се соочиле со речиси 30 дисциплински постапки.