Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски во утринското гостување на „Bulgaria on Air“ за македонскиот премиер изјави дека „Заев е типичен бугарски политичар – зборува она што секој сака да го чуе – едно кај нас, друго во Грција, трето во Македонија, каде што му претстои референдум за името на Македонија“, пренесуваат бугарски медиуми.
„Заев користи политички речник во време кога треба да го добие референдумот“, вели европарламентарецот и член на бугарската партија ВМРО, кој инаку повтори дека Бугарија е заинтересирана за влез на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Како што пренесува порталот „Nоvini.bg“ тој уште додава дека треба да се отстрани границата помеѓу Македонија и Бугарија.




