Можно е фракцијата на Бранко Црвенковски да победи на конгресот на СДСМ, закажан за 21 март, изјави вчера во интервју за „Трилинг“ актуелниот лидер на таа партија, Зоран Заев.
„Нормално дека може и поранешниот претседател на СДСМ кој што бил и поранешен претседател на државата да биде кандидат“, кажа Заев.
„Социјалдемократите својот претседател ќе го бираат сите, секој што сака да оди да гласа. Прво, треба само да се регистрираат дека ќе гласа и да гласа на тој датум. СДСМ на 21 март, на денот на пролетта ќе има непосредно гласање внатре во својата партија“, рече Заев.
Заев додаде дека секој може да биде кандидат за претседател, што ги исполнува условите на правилникот и статутот.






