Премиерот Заев пред генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Скопје направи нов дипломатски гаф откривајќи која држава според него и владата е најблизок сосед на Македонија.
Зворувајќи за надминување на проблемите со соседите пред гостинот од НАТО Заев рече дека најблизок сосед на Македонија е Бугарија а Грција ја стави во групата блиски соседи.
Премиерот како добри соседи воопшто не ги спомена Албанија и Турција (Не е директен сосед) кои што се во НАТО ниту пак Косово и Србија со кои се граничиме и имаме блиски односи.
Овој дел од изјавата на Заев на состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО кој се одржува во Скопје е на околу 4 минути и 30 секунди





