Заев го охрабрил Каевски да го реши случајот со спорната збирка?!

Како што најави, премиерот Зоран Заев денеска имал средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на која го охрабрил „целосно да го расветли случајот околу печатењето на збирката „Млади поети“.



Како што пренесува А1Он, премиерот порачал да се побара одговорност од сите учесници, но и да се спроведат јасни протоколи за да не се повтори грешката никогаш повторно.

Претпладнево одговарајќи на новинарско прашање дали Каевски ќе биде разрешен за објавувањео на песните со сексистичка и вуларна содржина премиерот рече дека „Директоорот вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети. Тој навистина не е должен да чита с’е што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал“.