По завршувањето на лидерската средба  на која не беше постигнат договор околу референдумот за преспанскиот договор и околу прашањето кое би им било поставено на граѓаните, премиерот Зоран Заев го обвини лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека, како што рече „наместо да се качи на возот за ЕУ и НАТО, тој избра да остане на мрачната страна на историјата“.



Јавноста мора да знае дека Мицкоски доби избор на ДИК според условите кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше, рече премиерот. Доби техничка влада, доби закон за финансирање на политички партии.

„Единствен услов беше да ги повика гласачите и приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдумот. Тој избра со бојкот да ги уништи надежите за ЕУ И НАТО. Неговата цел е Македонија да не успее“, рече премиерот Заев.