Означувајќи го 8 септември 1991 година како „еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија“, која „како таква“ постои од 11 февруари 2019 година, премиерот Зоран Заев предизвика лавина жестоки реакции под својата објава на Твитер.



Дел од реакциите (другите се со несоодветен речник за објавување):

„Која Северна бе алоооооо???…РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА доби самостојност….северна е држава без корен“;

„Твојата северна нема историја бе човеку без лице, име и презиме!“;

„Независноста на Македонија на 8. септември и вашата северна, немаат ништо заедничко. Не го погани празникот на Македонците!!!“;

„8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Република Македонија #иметодаговратите#“;

„11 февруари ти е тебе празник, не ни го пипај 8 Септември“;

„Не ти е срам да честиташ? Мрш..“;

„На 8ми Септември 1991 година граѓаните на Македонија гласаа за независна, самостојна и суверена Република Македонија. Најди го и прегледај го говорот на Претседателот Киро Глигоров од тој ден, може си берел пиперки па не си го видел“.