Сведоци се доволни за склучување брак, но не и за добивање државјанство, изјави премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање дали е прифатлив предлогот законот за државјанство предложен од партијата Алијанса за Албанците.
“Самиот предлог не е за поддржување. Јас ја почитувам најголемата албанска опозициска партија, но во самиот предлог вели – со тројца сведоци. Знаете, двајца треба за да стапите во брак. И тоа е доволно за брак. За државјанство сведоци да викнете не е доволно. Нема никаде таков пример, изјави Заев кој иако тврди дека ја почитува АА и лидерот Села сепак јавно го исмева со својата изјава.





