Ги знае ли премиерот резултатите од неколкуте анкети што ги спровеле неколку различни институти и агенции и затоа е толку храбар во нудење оставка ако пропадне референдумот.
“Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“ од „за“, рече денеска премиерот Зоран Заев од отвореното студио на 1тв во Охрид.
Според него, добро е, не само за државата, туку и за ВМРО-ДПМНЕ да повика на излезност на референдумот, а граѓаните да се изјаснат како сакаат.
– Пред лидерите на политичките партии реков, ако сме за ЕУ и НАТО, ајде нашите партиски определби да ги ставиме на страна или во втор план, а државата да биде на прво место, истакна Заев, откако претходно информира дека на ВМРО-ДПМНЕ и понудил да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот, но опозициската партија одбила, останувајќи на барањето за амнестија.
Според неофицијалните резултати на една од анкетитите кои што треба да бидат објавени идната недела референдумот би бил успешен ако има цензус.
Најмалку 3 % е разликата меѓу приврзаниците на таборот “За” пред тие што би гласале против. Десетина насто од граѓаните се уште не знаат како би гласале на референдумот.





