Меѓу граѓаните и во албанскиот политички блок видливо разочарување од изјавата на Заев за косовската армија која според него била формирана во погрешен момент.
Реагираат и политичари но и обични луѓе:
“Господине премиеру Заев,
Вие сте денес премиер прво, благодарејќи на гласовите на Албанците кои гласаа за СДСМ и кои ја намалија големата разлика меѓу ВМРО и СДСМ а потоа и на сите албански партии со кои направивте коалиција или ви дадода поддршка за формираре на Владата.
Второ,
Вие сте денес премиер како резултат на директната поддршка, да не речам наредба, на САД дека Албанците не може да коалицираат со ВМРО ДПМНЕ.
Косово е единствена држава со која Македонија има суфицит во трговската размена.
Нашите фирми, како резултат на воведената царина на Косово кон Србија, десеткратно го зголемија извовот на Косово, што овозможува приходи и за нив, и за Буџетот на државата.
Така што вашата изјава е неумесна, инфантилна, и се коси со интересите и на Косово, и на САД.
Со почит, за изјавата на Заев напиша Арменд Нухиу од Скопје.
Регираше и Алијансата за Албанците.
Лидерот Села порачува дека изјавата на Заев е насочена против косовските Албанци и САД
Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово доаѓа во погрешен момент, претставува националистичка изјава која пред сè е насочена против Албанците во Косово, како и против САД, изјави лидерот на Алијанска на Албанците Зијадин Села.
Таквиот вокабулар на Заев го доведува во прашање неговиот однос со САД, оставајќи сомнеж дека таквото сценарио им одговара само на Србија и Русија, напиша Села на својот фејсбук профил.
Села, меѓу другото, му порачува на премиерот Зоран Заев, како што вели, да погледне во сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија без да се меша во внатрешните работи на Косово.
Од Алијансата за Албанците, се вели во статусот, го повикуваат премиерот веднаш да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да и честита на Косовската Влада за нејзината армија.
Изјавата на Заев за косовската војска може значително да му ги наруши шансите за кандидатура за претседател на земјата. Без поддршка од сите Албански гласачи Заев има минимални шанси да победи.




