Обидувајќи се да ги убеди младите во Македонија да не ја напуштаат државата, лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев извади крунски аргумент(и).
„Една порака до младите луѓе, да не размислуваат за надвор. Таму во Германија, во Швајцарија, во Италија, во Австрија можеби земаат поголема плата, но кога ќе дојде крајот на месецот и ќе ја платат киријата и сите сметки не е тоа нешто значајно што им останува за живот. Таму развојот го достигнал своето ниво, реформите се случиле, предизвикот е завршен, а животот е еден. Таму ќе се возат горе на бранот, да, и животот ќе помине. Но предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите што треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот. Затоа, нека останат тука, тука да се борат. Тука се остава трага. Затоа драги млади луѓе, останете дома! Јас и овие луѓе околу мене ќе се бориме, да се борите и вие! Ова е ваша земја, има да се бориме дома, оти тоа е патриотизам!“, порача Заев од Чаир.





