Премиерот Зоран Заев ги повика партиите на Албанците во земјава да кажат на какви забелешки имаат во врска со иницијативата „Мал Шенген“ во која се вклучени Србија, Албанија и земјава.
Заев рече дека како премиер нема обврска за потезите кои ги презема за олеснување на животот на граѓаните да ги консултиира партиите и
„Нека кажат партиите Алијанса Беса па и ДУИ што им пречи во договорите за „Мал Шенген“ подготвен сум да кажам зошто се потпишани. Треба да кажат против што се. Дали се против намалување на царините, да нема нервози и долги колони на царинските премини…Дали се против отворен пазар на трудот укинување на визите …„ праша премиерот.




