Преспанскиот договор може да биде пример за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина изјавил денеска во Брисел македонскиот премиер Зоран Заев.
Пораката до Србија и Косово Заев ја упатил по работниот ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и лидерите на западниот Балкан.
„Убедени сме дека можеме да помогнеме во целиот процес за Косово со искуството кое го имаме од преспанскиот процес, затоа што тоа може да биде искуство и за ова праоблематично прашање на Балканот“, изјавил Заев во Брисел.
За време на средбата според српските медиуми се разговарало и за актуелните случувања во Македонија, уставните измени, законот за амнестија, процесот на помирување но и за регионалните прашања како косовското.
Според Заев на ручекот со лидерите на Западниот Балкан била изразена заедничка согласност за решавање на билатерални прашања во духот на регионалната стабилност и дека земјите треба да си помагаат во тој процес.




