Заев ги осудува „поганите зборови“ – денеска ќе се сретне со Каевски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција, изјави денеска премиерот Зоран Заев кој најави дека во текот на денот ќе има средба со Дарко Каевски по скандалот во јавноста и објавувањето на песни со вулгарна, сексистичка и расистичка содржина.



„Директоорот вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети. Тој навистина не е должен да чита с’е што има во материјалот, ниту , пак, е должен да го провери целиот материјал“ изјави премиерот, како што пренесе МИА, одговарајќи на новинарско прашање дали Каевски ќе биде разрешен.

Премиерот уште додал дека осудува ваков вид на дискриминација и погани зборови што се ипратени во јавноста и најави дека ќе има состанок со директорот на АМС за да се запознае со сите детали.