„Грција од од утре го отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела“, соопшти премиерот Зоран Заев по вчерашната средба со грчкиот колега Константин Мицотакис во Атина.
Граничниот премин Евзони на грчко-македонската граница денеска е сè уште е затворен, а стотици возила чекаат уште од утринските часови.
Дел се откажувата од чекање и се вратија назад, а српските возила тргнаа за Бугарија, бидејќи таму за нив е отворена границата.
Неофицијално, грчката полиција сè уште нема добиено протокол како да ги пропушта возилата, па на граничниот премин се направи редица од возила кои чекаат на влез во Грција, дознаав СакамДаКажам.







