Македонија би можела да ги вметне Буагрите во Уставот, но тоа да биде во фазата пред непосредниот влез во Европската унија, најавува премиерот Заев.
„Земјите од регионот кога пристапуваат кон ЕУ имаа пракса непосредно пред полноправното членство да го отворат уставот и да ги додадат другите заедници покрај немнозинската. Јас сум рекол неколкупати да ги додадеме и Хрватите и Бугарите, но тоа не значи дека ние треба во овој момент да го отвораме Уставот за овие прашања. Многу е важно да знаат сите дека немаме проблем да ги додадеме и другите етнички заедници“, изјави Заев.
Условите од Бугарија, како што Радев ги наведе во Брдо, се употребата на краткото име, запирање на говорот на омраза, рехабилитација на жртвите на комунизмот, прашањето на немешање во внатрешните работи, функционирањето на историската комисија.
„Другите прашања се прашања за кои се разговара подолго време за кои сметаме дека може да се најде решение додека двете прашања кои се дел од европскиот процес, прашањето на јазикот и позиционирањето на патоказот во преговорите со ЕУ ги сметаме за конечни од предлозите на европските претседателства и тие не се дел од билатералните разговори со Бугарија“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.





