Заев е промашена инвестиција, Ковачевски е надградена промашена инвестиција

Заев е промашена инвестиција, а сега Ковачевски го сметам за надградена промашена инвестиција, вели Солза Грчева претседателка на „Глас за Македонија“.



Според неа Заев направи големи бељи за државата, за среќа не се непоправливи.

– Толкав број на грешки и пропусти направи Заев туркајќи ја насила преспанската агенда и договор што сето тоа се поправа исто така на правен начин. Ковачевски пак влегува во договор со Бугарија загазува се повеќе и повеќе. Тој е една бледа и анемична личност кој неправи ништо друго освен што ја продолжува таа политика на немоќ, сервилност и губење на последни атоми на сувереност, рече таа за Република.

За Грчева е неразбирливо што власта се уште се „крсти“ во меѓународните договори.

– Треба да имаш дефицитит во паметот ако се „крстиш“ во такви договор.После она што го кажа Меркел дека не планирале да го почитуваат Договорот од Минск како и веруваме на истата Меркел кога доаѓаше кај нас и велеше дека на брз колосек ќе ја спроведеме Македонија кон Европа. Каде е сега Македонија? прашува Грчева.

– Таа е убедена дека власта по секоја цена ќе сака да го истурка мандатот до крај.

Секој ден на власта и значи некоја коруптивна зделка со неограничена моќ на сметка на осромашување на граѓаните кои зимава ги чека осиромашување. Ако многу бидат притиснати од незадоволството на народот ќе вршат срамни уцени кон опозицијата да глаасаат за уставни измени за да има предвремени избори.Кон тоа одат и изјавите на странските мисионери кои доаѓаат но се помалку. Веќе не сме интересни бидејќи Европа не мисли да се шири, изјави таа.