Со наближувањето на Илинден кога треба официјално да почнат преговорите за новото парламентарно мнозинство се засилија пораките кои што партиите ги пласираат во јавноста за развојот на настаните и преговорите кои течат далеку од јавноста.
Денот започна со мистериозната порака “3+” која на социјалните мрежи ја шират приврзаници на СДСМ.
Оваа порака според неформалниот политички речник треба да значи дека Заев и неговата партија добиле поддршка уште од 3 пратеници кои не се дел од коалицијата со БЕСА односно дека наместо 46 оваа коалиција во преговорите со ДУИ влегува со 49 пратеници.
Од друга страна аналитичарот Арсим Зеколи на својот Твитер профил објави мистериозна порака која ги изненади и вознемири поддржувачите на СДСМ.
“Заев е аут”, напиша Зеколи на Твитер без да ја образложи својата порака.
Според познавачите овој пост може да се објасни на два начини:
1. СДСМ и ДУИ не нашле заеднички јазик за формирање на ново владино мнозинство;
2. Дека Ахмети не инсистира на Албанец премиер но за возврат бара Заев да не биде мандатар туку оваа функција да ја врши некој што не е под негова целосна контрола. Во ова сценарио се споменуваат и ресорите МВР, МНР и Финансии за кои ќе треба да има посебен договор за да нема ексклузивна партиска контрола во нив.





