Заев – добриот глумец во театарот ,,Србошенген“

„Али Ахмети и неговите министри му ракоплескаа на албанскиот премиер Рама во Скопје поради неговата пригодна реч на Форумот на ‘Мини Шенгенот’ во Скопје, но тие би требало да се обескопокојат поради гласот на народот. Заев му даде полномоштво на Заев да го потпише овој контроверзен акт и во името на Албанците од Македонија, но и улога како добар глумец во тој ‘србошенген’, кој предизвика застрашувачки внатрешноалбански несогласувања со тој договор.“ – ова го изнесува проф.д-р Џевдет Насуфи во својата колумна под наслов „Мини Шенген’, или ‘србошенген“, во која остро го критикува лидерот на ДУИ Али Ахмети, поради поддршката дадена за регионалниот договор за соработка „Отворен Балкан“, порано нарекуван „Мини Шенген’. Колумната ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.



Насуфи пишува: „Рама игра на картата ‘секое чудо трае само три дена’, додека Албанците играат на картата ‘Мини Шенгенот’ не ми ја нарушува мојата работа’. Оттука, ‘Мини Шенгенот’, започнат од Рама и Вучиќ, штотуку влезе во состојба на чекање, за да се разгледа повторно, поради застрашувачките и оправдани внатрешноалбански несогласувања, бидејќи Рама во Скопје потпиша договор за ‘Мини Шенген’, или за ‘србошенген’, и тој е сега уверен во овој цитиран српски слоган.’

„Ова го знае уште подобро Али Ахмети, најдобриот албански партнер во оваа приказна за Рама, бидејќи му даде полномоштво на Заев да го потпише овој контроверзен акт во име негово, на Ахмети, и во име на Албанците од Македонија“ – дополнува авторот на колумната, нагласувајќи го и ова: „Политичката историја не учи дека повеќето транзициски политичари манипулираат со кревките демократии, манипулираат со бедата, страдањата и сиромаштијата на граѓаните. Али Ахмети е на власт речиси повеќе од дваесет години, додека Рама и Вучиќ исто со една разлика: Ахмети е задоволен со мали добивки, кои му ги овозможуваат од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, додека Рама и Вучиќ се навистина најсилните на Балканот и тие манипулираат со демократијата во своите земји, што ги прави авторитарни во однос на функцијата на државата и нејзините институции.“

„Пригодната реч на Рама во Скопје беше проследена со ракоплескања. Ова одобрување не беше од Албанците. Како поранешен потпретседател на Влада и министер во Македонија јас би се обеспокоил поради ова ракоплескање, не поради недостиг на смелост, туку поради гласот на народот, што е и ‘глас божји’. Ова ракоплескање му се припишува на Ахмети и на неговите министри, кои се наредија на Форумот во Скопје и кои му дадоа на Заев улога на добар глумец во театарот на ‘Мини Шенгенот“ – заклучува проф.д-р Џевдет Насуфи во својата колумна, посветена на улогата на Али Ахмети и Зоран Заев во потпишувањето на „контроверзниот акт“ за „Отворениот Балкан“.