Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини му забранил на премиерот Зоран Заев да се сретне со репрезентацијата на Македонија во пресрет на дебито на Европското првенство, открил премиерот во интервју за телевизија „Клан“, пренесува спорт1.мк.
“Војната на ФФМ со премиерот уште повеќе се разгорува со оваа одлука на Сејдини да не дозволи средба на премиерот со фудбалерите, откако државната Агенција за млади и спорт (АМС) веќе подолго време е во војна со куќата на фудбалот околу усогласувањето на Статутот со Законот за спорт, нешто што неколкупати го посочи и Заев, дека мора да се усогласи „фудбалскиот устав“ со законите во земјава.
Премиерот денеска откри дека сепак ќе има средба во Владата на Македонија”, пишува порталот кој открива дека Заев сепак нашол начин како да ја заобиколи забраната од Сејдини.
Повеќе на овој линк
Поврзано
Партискиот функционер во одбрана на премиерот
Директорот на АМС се жали на забраната на ФФМ за средба Заев – Фудбалери
А како реагираат фудбалерите
Непотребни нервози кај јунаците пред историскиот настан https://www.expres.mk/ostavete-ne-namira-da-igrame-za-makedonija-koj-reprezentativci-barale-sredba-so-premierot/






