Премиерот Зоран Заев, соопшти дека земјава разговарала со НАТО и со Вашингтон и заедно утврдиле дека набавката на вакцините од Кина не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава.
Претходно министерот за здравство Венко Филипче рече дека први вакцини, околу 200.000, во Македонија ќе стигнеле од Кина.
„Правиме обиди да набавиме вакцини од секаде каде што ни се достапни. Оваа недела ќе се заокружи постапката за негде од 10 до 15 февруари да добиеме и кинески вакцини. Во самата постапка ќе ја следиме компетативноста, за да добиеме поповолни услови, а обезбедивме и домашен партнер за спроведување на постапката, тоа е компанијата „Алкалоид“, рече премиерот.
Во скандал со марихуана вмешани близок на Заев и роднина на зам. министер во МВР




