Универзитетскиот професор од Kaтедрата за македонски јазик Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин се новите советници на премиерот Зоран Заев.



Според Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија, Александар Ружин е дипломатски советник со хонорар од 50,000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург)  и Франција“.

Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица, пишува Истражувачка репортерска лабораторија. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници.

Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, за кој лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека за една година потрошил 1,7 милиони евра за 91 советник, пишува „Фокус“.