Листата на советници во канцеларијата на премиерот Зоран Заев се зголеми од 23 на 29 со последното ажурирање што го направи Владата. Сега таму има седум нови лица кои добиваат плата од 55.268 денари, а во меѓувреме еден советник го нема на списокот во однос на оној првобитниот.
Поранешниот
министер без ресор Аксел Ахмедовски сега е советник за решавање на
правни прашања и постапки, Зоран Ѓорѓиев, доскорешниот генерален
директор на „Македонски шуми“, е советник за шумарство, водостопанство и
спроведување на реформи во шумарството и водостопанството, додека Зоран
Атанасов, кој до пред извесно време беше директор на Агенцијата за
храна и ветеринарство дава совети кај премиерот за земјоделство,
безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Водителката
Елена Митева сега е советник за организација на медиумски активности.
Сите за своите совети месечно ќе бидат платени по 55.268 денари.
Додадени се активистката Силвија Митевска, како советник за спорт, екс-директорот на акционерското друштво за аеродормски услуги Виктор Петрушевски сега е советник за локална самоуправа, екс-министерот за дијаспора Едмонд Адеми е советник за надворешни работи. Исто и тие ќе ја добиваат истата сума. На листата повеќе ја нема Тања Чачарова Илиевска, која на Заев му беше советник за правда. Фактор






