Заев доби „ЛАЈК“ од Меркел

Премиерот Зоран Заев објави фотографии по вчерашната средба со канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел и со францускиот претседател, Емануел Макрон.



„На една од фотографиите, канцеларката на Германија е свртена кон него, и случајно или не, со раката покажува ‘лајк’“, забележува „Фокус“..

Меркел и Макрон вчера се сретнаа со лидерите од Западен Балкан, плус Словенија и Хрватска, на состанокот посветен на регионот.

„Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност. Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот“, напиша по средбата во Берлин премиерот Заев на фејсбук.