Заев доби три месеца мир, Собранието изгласа доверба на Владата

Со 62 пратеници за поддршка на владата Собранието изгласа доверба на владата на Зоран Заев.



Гласањето се одржа на барање на премиерот Заев кој ја искористи можноста доколку побара лично гласањето да се одржи истиот ден и за довербата да нема дискусија.

Во наредните 3 месеци опозицијата не може да бара доверба на владата во парламентот.

Опозицијата предходно во неколку наврати посочи дека има мнозинство во Собранието.