„Ние постоиме за државата, за неа работиме. Ќе го исполниме целиот мандат и до крајот на 2020 година ќе и дадеме на економијата да оди напред, испланирано и бројките ќе бидат уште подобри. Опозицијата тоа го знае.
Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, вашите шанси се никакви за изборите“, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниска говорница.
Премиерот вчера од истото место и во расправата околу изборот на нови министри рече дека опозицијата ќе има можност да бида министри за околу „9 години и 2 месеца“.
Податоците од Анкета на Тим институтот изготвена за потребите на СДСМ покажа дека владејачката партија има подобар моментален рејтинг од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.





