По потпишување на договорот за предизборна коалиција со БЕСА на Билал Касами, лидерот на СДСМ Зоран Заев на партиите од албанскиот блок им порача дека како победничка коалиција нема да дозволат да бидат уценувани:



„Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања.

Оние кои ќе сакаат да им се приклучат на победниците, ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално да учествуваат во владината коалиција“, порача Заев.