Заев денеска во Берлин за да прими награда

Награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска ќе му биде доделена на премиерот Зоран Заев во  Берлин.



Германската фондација за социјалдемократија му ја доделува наградата на лидерот на СДСМ за лична посветеност во Договорот од Преспа, како и за неговите напори за европска иднина и слободно општество.

Како што соопшти владината прес служба, церемонијата за доделување на наградата ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот .

Заев и министерот за надворешни работи – Бујар Османи во Берлин ќе имааат и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.