Потребни се европски чекори од страна на сите земји членки на ЕУ за да не се дозволи разочарување на нашиот народ, а со тоа и зголемување на ризиците од засилување на ретроградните националистички струи, изјавил македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и со бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на официјалниот дел од денешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, во Брдо кај Крањ, во Словенија.
Според владиното соопштение, Заев и вицепремиерот Никола Димитров се заблагодариле за определбата на Унијата за Западен Балкан, како и за тоа што „лидери како Меркел и Макрон помагаат за решавање на билатералните спорови, кои влечат корени од минатото“.
Бугарскиот претседател Румен Радев, наспроти ова, ги наброи сите услови кои треба да ги исполни Скопје, за да добие ДА од Софија.
„Нашите позиции се јасни. Се додека продолжува овој вид на преродбен процес, сe додека нашите сонародници продолжуваат да подлежат на суптилна асимилација, потиснати се нивните основни права и не се интегрираат целосно во Северна Македонија заедно со другите нации, не можеме да кажеме ДА за почеток на преговорите“, изјави Радев.Радио слободна Европа
Радев: Губење време е Скопје да чека промена на бугарската влада






