„Ние претходно соработувавме со Алијансата за Албанците. Во владината коалиција беше и Алтернатива. Ако сме соработувале претходно, можеме да ја обновиме соработката и во иднина. Но како што кажав, строго базирано на принципи и заеднички стратешки определби“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Независен“.
Зa досегашниот коалиционен партнер ДУИ, Заев вели дека со враќањето кон национализмот, ДУИ си ја затвора вратата за соработка.
…времето на уцени на ДУИ заврши. Кој ќе биде премиер и која партија ќе ги предводи институциите не решава ДУИ, туку решаваат граѓаните на фер, слободни и демократски избори.
Со таков пристап ДУИ сама си ги затвора вратите. Ние не можеме да бидеме виновни што нашите сограѓани Албанци не им го купуваат трикот со г-динот Зибери. ДУИ реши да се враќа кон национализмот, па излегува со национал-популистички предлози кои ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните. Прочитани се таквите обиди на ДУИ по секоја цена да играат на картата на национализмот и затоа ќе губат гласови и ќе одат во опозиција“, вели Заев во интервју за „Независен“.




