Заев барем еднаш да го одржи ветувањето, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Народот им испрати порака дека е незадоволен, разочаран и ја порази политиката на поделби и конфликти. Заевизмот како систем мора да падне. На овие избори имаше и брутални изборни нерегуларности, притисоци и закани од луѓето од власта, како и злоупотреба на државни ресурси, пред се полицијата за партиски цели“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека мора да има одговорност за таквите нарушувања и злоупотреби.

„Губитникот Заев и во поразот е нечесен и треба барем еднаш да си држи до сопствениот збор и ветување, наместо преку платените клиентелисти да создава атмосфера за продолжување на мандатот.

Оваа влада нема кредибилитет за водење на државата“, се наведува во соопштението од партијата.