Заев бара Данела Арсовска да се повлече од трката за градоначалник

Коментирајќи ги наводите дека независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има и бугарско државјанство, премиерот Зоран Заев во Гостување на „Утрински брифинг“ рече дека тоа е сериозно и оти таа досега не ги демантирала овие наводи.



„Скопјани верувам дека нема да дозволат да бидат изманипулирани. Во живот ако се определите да бидете претставник на странска држава тогаш тоа го работите. Не можете да биде претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Вториот дел е што Арсовска е државјанин на друга држава. Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани“, вели Заев.