Премиерот Зоран Заев апелира да се користи уставното име на државата, Република Северна Македонија, по сѐ почестата употреба на кратенката Република С. Македонија, која во последно време се користи и од политичари.
„Прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и кон преспанскиот договор, кој прерасна во закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Уставот. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, истакна премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.






