Лидерот на СДСМ Зоран Заев со предлогот на 14 јуни да се одржат предвремените избори ќе настапи на лидерската средба утре кај претседателот Пендаровски.
Заев тврди дека датумот е избран бидејки пикот од пандемијата со КОВИД 19 е поминат, следи олабавување на рестриктивните мерки, а изборите не се никаква закана за здравјето на луѓето.
Тој остава простор за договор со опозицијата за мало отстапување од овој датум доколку тоа го препорачаат и здравственитер власти, за некој ден, но е против одржување на избори во јули, кога веќе временските прилики биле несоодветни за ваков процес.
Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ на лидерската ќе настапи со свои барања и услови, но е против брзи избори.
Христијан Мицкоски веќе се изаснии дека здравјето на граѓаните ќе им биде пред одлуката за граѓанско изјаснување. Првиот уставен термин според ВМРО-ДПМНЕ би бил екаде првата половина на јули.
И од ДУИ велат дека имаат два услови за избори: потврда од здравствените власти и набљудувачка мисја на ОБСЕ/ОДИХР.
Дел албански опозициски партии пак, како можен термин за избори го сметаат крајот на јули или почетокот на август, кога пандемијата сосема би стивнала, а и би биле отворени границите по можност македонски државјани да можат да дојдат на денот на изборите.





