Заев бара бришење на каматите на долговите на граѓаните!?


Премиерот Зоран Заев ги повика пратениците да ги поддржат законските решенија за бришење на каматите на долговите што ги имаат граѓаните кон јавните претпријатија, институции и органи. Тој се надева дека тие решенија би можеле да бидат испратени во парламентот на усвојување.  



„Работиме на законски решенија што верувам дека ќе успееме до утре да ги заокружиме, за да можеме да ги објавиме. Во сабота се надевам дека Владата ќе ги прифати. И однапред замолувам до Парламентот, со будно око да ги усвои законските решенија“ порача вчера Заев од собраниска говорница одговарајќи на пратеничко прашање..

Се работи за трошоци, обврски, што граѓаните ги имаат за вода, за смет, за канализација, пазари, за вода по полињата, за станбени прашања, здравствени услуги…Целта е на овие законски решенија е да ги избришеме каматите до крај и да им дадеме на граѓаните на рати да си го платат само главниот долг, рече премиерот.