Заев: Ако сум предавник, немаше да има вето од Бугарија

Премиерот Зоран Заев ги отфрла обвинувањата од опозицијата за предавство во однос на Бугарија.



„Имајќи предвид дека Мицкоски ме обвинува мене дека јас сум виновен за ветото од Бугарија, а истовремено ме обвинува дека правам предавство на македонскиот јазик и на македонскиот народ, е условено едно од друго. Не само што е контрадикторно, туку е условено едно од друго. Да направив предавство, ветото требаше да биде тргнато. Или ако ветото опстојува, тоа значи дека се штитат националните интереси“, изјави Заев во интервју за ТВ 21.