„Јас верувам дека Законот (за јазиците) ќе има полн капацитет во својата имплементација. Неговата примена е ставена во сила, никој не загубил ништо, добиваат само уставно право кое што претходно не им беше овозможено и на Албанците и на помалкубројните заедници“,  вели премиерот Зоран Заев во врска со препораките.



Тој нагласи дека верува оти ако сме Европејци на крајот европски ќе овозможиме целосна практична примена на овој закон, онака како што заслужуваат граѓаните на државата, пренесе МИА.

Одговарајќи на прашање дали е точно дека Владата барала одлагање на мислењето, бидејќи тоа „може да влијае на изборниот резултат”, премиерот со одговор:

„Тамам работа. Јас сум Зоран Заев кој го бранеше овој Закон уште кога албанските политичари и албанските политички партии беа поприлично резервирани, не знаејќи што ќе се случува околу самото законско решение. Ние треба да бидеме чесно, искрено и отворено поставени пред сите прашања, па и пред вака сериозни, нагласи Заев,

Тој потенцира дека Венецијанската комисија „на пластичен и на едноставно разбирлив начин“ ги дава своите аргументи и ги поздравила преземените чекори кои се дури и поголеми од европските вредности, но ни препорачува да внимаваме, бидејќи немаме „капацитетност“, што може да уништи многу други исто така важни, па дури и поважни права, како што е правото на правда.