Заев: Ако секој го зборува својот мајчин јазик, со тоа не губат другите

Ваква оценува премиерот Зоран Заев според кој од ова добива Македонија, како граѓанска и демократска држава.



Во Фејспук статусот зае ввели дека „ширум светот денеска под покровителство на Обединетите Нации и УНЕСКО, се организираат настани по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик за промоција на негувањето и афирмацијата на сите јазици што ги користат народите во светот и за поддршка на имплементацијата на стратегиите и политиките во полза на различноста на јазиците во сите делови на светот“.

„Се определивме за политики што ја градат Република с.Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Креираме јазични политики коишто се сообразуваат според потребите на граѓаните од сите етнички заедници. Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива Република Северна Македонија, како граѓанска и демократска држава. Нашата цел да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики – е посебноста и суштината на нашето заедништво. Тоа заедништво што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина и затоа со право велиме дека различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство. За наша предност“ сподели премиерот на Фејсбук.