Премиерот Зоран Заев, очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули.



Сепак, Македонија може да не го добие долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговори со ЕУ, а причина за ова не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија, оценува премиерот.

„За нас ние имаме позитивен амбиент, поради Договорот од Преспа и направените реформи. За жал констелациите не се добри, затоа постои дебата. Тука мислам на Албанија, и на Косово-Србија прашањето.

Но верувам дека нема да се дозволи во ниеден момент после 14 години кандидат, и од 2009 година позитивна препорака, повторно бидеме одложени, дефинитивно тоа не е во полза тоа ниту на ЕУ – изјави Заев во интервју за „360 степени“.

Според него јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, вели, ќе се соочи со политичка криза.