„Имаме условена, автоматска покана. Не ни треба Самитот на НАТО за некој да одлучи за поканата на Македонија. Значи ако на 7 мај објавиме решение и на 8 мај грчката влада испрати писмо до генералниот секретар Столтенберг, почнува процесот на ратификација на договорот за полноправно членство на Македонија во НАТО“ изјави денеска премиерот Зоран Заев според кој сега фокусот сега е повеќе ставен на решението отколку на роковите.
Како што пренесе МИА, премиерот смета дека сега е вистинскиот момент да се најде решение кога сите партиципиенти во државата би застанале заедно. „Влегуваме во самата суштина на, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме“.
Македонскиот премиер очекува да има средба со грчкиот колега Алексис Ципрас и доколку се сретнат тоа значи дека останале уште 10 проценти за решавање.





