За петицијата која се споделува на социјалните мрежи и која досега ја потпишаа илјадници, премиерот вели:



„Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но и почитувањето на законот и Уставот е вредно за почитување и размислување“, вели премиерот Зоран Заев петицијата која се споделува на социјалните мрежи и која досега ја потпишаа илјадници кои се проѕттиват на изградба на висококатници на просторот пред „Холидеј ин“

Ако наш сограѓанин добил одобрение за градба треба да се види дали решението е согласно ДУП и ГУП, како и според одредбите на Законот за градба и Законот за урбанистичко планирање. Ако се нарушени одредбите од овие закони не треба да се дава одобрение за градба, но ако се исполнети секако дека треба секој да го искористи уставното и законското право да добие дозвола за градење“, објасни премиерот Заев.

Како инвеститори на најавената изградба на овие објекти стои фирмата „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА.

Инвеститорите за овие објекти веќе уплатиле комуналии во висина од 2,4 милиони евра и сега очекуваат добивање на дозвола за градба од страна на општина Центар. Ова беше овозможено откако Уставниот суд го укина мораториум на ДУП-овите кои пред три години го воведе Советот на општина Центар.