По најавата на лидерот на ДУИ, кој на 18 роденден на партијата најави дека е дојдено време за премиер Албанец, на Фејсбук реагираше лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат’, му порача Заев на Ахмети и додаде дека доколу СДСМ победи на изборите, тој ќе биде кандидатот за претседател на Влада.
„Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, порача Заев.







