Ова го изјавил премеирот Зоран Заев коментирајќи ги разговорите меѓу министерор за надворешни османи со бугарскиот премиер, Бојко Борисов и со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во петокот, јави МКД.МК.
Заев оценува дека „тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември“, кажа Заев во Пробиштип.
Сепак, Заев е оптимист:
„Ние ќе направиме сè во овие претстојни денови да најдеме решение. Ние ја прифативме заедничката историја или општата историја како што ја викаат во пријателска Бугарија“, рекол премиерот пренесува МКД.МК.






