По Србија и Бугарија Хрватска е последната земја во регионот која го одложи пописот на населението, што требаше да се одржи оваа пролет.
Со тоа македонските власти останаа последните на Балканот што инсистираат во време кога умираат триесетина луѓе дневно да спроведат попис.
Владата во Загреб донесе ваква одлука поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата.
Со одлуката пописот ќе се спроведе во две фази наесен, во септември и октомври. Во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат сами преку интернет.
Хрватските власти го задржуваат правото да утврди нови термини на пописот, доколку нема услови за негово спроведување наесен.
Во Хрватска деновиве повторно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус, поради што владата најави нови построги мерки за заштита.





