Заев: 2019 да биде економска, а не изборна година

„Да не се оди на избори, туку да се даде шанса на економијата. Знаеме како предвремените парламентарни избори влијаат врз бизнисот особено ако се одржуваат паралелно со други избори како што ќе бидат догодина претседателските“, рече премиерот Зоран Заев на денешната втора буџетска конференција во Стопанската комора на Македонија.



Премиерот смета дека предвремените парламентарни избори ја умртвуваат економијата во период од четири до шест месеци.

„Парламентарните избори да бидат редовни за да му се овозможи на бизнисот да прави планови и предвидливи чекори“, вели Заев.