Заев ѝ посака опозиција на ДУИ, убеден дека тој ќе биде премиер

Зоран Заев смета дека барањето на ДУИ е национал–популистички концепт и поради ова ДУИ ќе ги загуби изборите.



„Ова што денеска се пласира од ДУИ, веќе го коментирав и повторно ќе го кажам, е само национал– популистички концепт и ништо друго и верувам ќе изгуби и ДУИ заради тоа, зашто граѓаните треба да ги гледаме како кандидати. Почнувајќи од мене и сите понатаму, рамнопрвно како кадарни, квалитетни, посветени, луѓе кои изградиле свој кредибилитет, кои се подготвени следните четири години целосно да се посветат на служење на граѓаните, чесни и од тој аспект да се разговара за секоја функција“, рече Заев.