Заедно со Бугарија ќе ги чествуваме Кирил и Методиј

Директорот на Институтот за национална инсторија Драги Ѓорѓиев, кој го предводи македонскиот тим историчари во Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија оцени дека, на вчерашната средба во вилата „Бојана“ во Софија е постигната согласност за улогата на Бугарија во контекст на делото на светите солунски браќа, како и за зачувувањето и развојот на она што тие го правеле заедно со своите ученици.



„Ние само за шест-седум месеци успеавме на некои прашања од минатото да погледнеме од друг аспект, изјави Горѓиев и додаде дека тешкотиите доаѓаат од наметнатите стереотипи низ годините.

Според Ѓорѓиев, идните генерации ќе можат да гледаат на историските личности како на дел од вкупната цивилизација, а не тие да бидат поделени на, како што рече, такви или онакви, пренесува МИА.

Бугарската Бгнес, повикувајќи се на изјава на копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров, објави дека двете страни постигнале согласност за чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј.

Заменик-министерот за надворешни на Бугарија, Георг Георгиев, кој ја отвори петтата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија задоволен од напредокот.

,, Многу сме среќни и задоволни што успеавме да постигнеме договор за важни теми во однос на заедничкото одбележување на празниците на Св. Свети Кирил и Методиј, Климент Охридски, св. Наум и цар Самоил. Тоа е своевиден успех на теми кои донеодамна претставуваа поделба, а сега веќе наоѓаме заеднички пат, кој не н’е разединява ”, рече заменик-министерот пренесе БНТ.

Според него, главен акцент од работата на оваа Комисија е заедничката историја.

„Тука не зборуваме за ‘споделена ‘ историја, бидејќи ние ја споделуваме историјата како со соседите, така и со земји од целиот свет.

 Заедничката историја е она што н’е обединува и она е што ние го бараме како основа во соработката и пријателството меѓу државите“, додаде тој.

За попладне во Софија е закажана заедничка прес-конференција на која Драги Георгиев и Ангел Ддимитров ќе информираат за постигнатото на денешниот втор ден од средбата.