„Е па, ај честит нека ни е роденденот на Гоце Делчев што ќе го славиме заедно со Бугарите на 4 февруари. Почна втората година со оптимизам за решавање на спорот со Бугарија и тргање на ветото за почеток на преговорите со ЕУ, со четиридневни интензивни средби на новите македонски и бугарски власти и во Скопје и во Софија“, пишува Горан Михајловски во редовната колумна на порталот Сакам да кажам,по веста што стигна од Софија дека е договороено на 4-ти февруари владите на Македонија и на Бугарија заеднички да ја чевствуваат 150-годишнината од раѓањето на великанот.



„Таму, во Собранието премиерот Кирил Петков повторно  им кажува дека „темите за македонско национално малцинство се апсолутно недопустливи“, ќе трага по репресирани Бугари во Македонија, бугарската власт нема да ги признава 11-те пресуди на Судот за човекови права во Стразбур за правата на Македонците во Бугарија, а ние ќе ракоплескаме дека божем мрднала работата со заедничко чествување.

Ееее, Заев колку чествуваше заедно со Борисов. Сè и сешто чествуваа, се гушкаа и се бацуваа.

И бугарски генерал од Балканските војни заедно славеа во Дојран. Свети Кирил и Методиј со години ги чествуваме во Рим заеднички.

Радев лани дури и Пендаровски го возеше со бугарски авион на чествување“, пишува Михајловски.