Задушница – сеќавање на починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.



Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

Поради верскиот празник Задушница, денеска и утре ќе сообраќаат дополнителен број автобуси на редовните линии 59 – Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел, 59А – Ново Лисиче – Гробишта Бутел и 59Б – Кисела Вода – Гробишта Бутел, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.