Зачестија барањата за предвремени избори во Грција

Лидерот на Движењето за промени, Фофи Генимата, во интервју за весникот „То Вима“ побара предвремени избори во земјата.



Одбројувањето за изборите започна, рече таа и додаде дека владата се преправа дека сè е во ред додека се обидува да добие политичко време и ветува „лажен“ излез од програмата за излез од кризата.

И лидерот на Неа демократија Киријакос Мицотакис во петокот рече дека избори се итно потрени за да ја „ослободат“ земјата, дека премиерот Алексис Ципрас е „патетичен“, а неговата администрација е најлоша од обновувањето на демократијата во 1974 година.

„Тој веќе е историја, нема апсолутно ништо што да му каже на грчкиот народ“.